Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, откри досега непознати детали за обидот на англискиот клуб да го ангажира Килијан Мбапе во 2017 година, кога францускиот напаѓач сѐ уште настапуваше за Монако.
Германскиот стратег, кој за време на Светското првенство има улога на стручен аналитичар, изјави дека Ливерпул направил максимални напори за да го убеди тогаш 18-годишниот Мбапе да се пресели на „Енфилд“, но на крајот Мбапе ја избрал понудата од Пари Сен Жермен.
„Навистина направивме сѐ што можевме. Организиравме лет од Блекпул до Ница, каде што се качија целото семејство на Мбапе. Патувавме со приватен авион, разговаравме и поминавме пријатно време заедно“, раскажа Клоп.
Тој откри дека клубот сакал преговорите да останат во најстрога тајност, па затоа авионот кружел за да избегне внимание од јавноста и медиумите.
„Летавме во круг затоа што не сакавме никој да нѐ забележи. Беше навистина фантастично искуство, но на крајот тој се одлучи за Париз“, изјави Клоп.
Мбапе потоа му се приклучи на Пари Сен Жермен како позајмен играч, а францускиот клуб подоцна го откупи неговиот договор за 180 милиони евра. Во Париз помина седум сезони, стана најдобар стрелец во историјата на клубот, а во 2024 година како слободен играч ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.
‼️Jürgen Klopp i MagentaTV om när han försökte värva Mbappé till Liverpool från Monaco⤵️
— Keven Bader (@Keven_Bader) July 9, 2026
🗣️ Klopp: Den dyraste icke transfer som vi [Liverpool] investerade i. Vi flög från Blackpool till Nice. I Nice klev hela familjen Mbappé ombord på ett privatplan med fem rum eller något.… pic.twitter.com/4fA5xooeKD