Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров ја продолжи верноста со Црвена Звезда, откако стави потпис на нов тригодишен договор со белградскиот гигант. Гаштаров летово беше дел од подготовките на првиот тим и со своите настапи успеа да го убеди стручниот штаб дека заслужува нова доверба. Наградата пристигна во форма на нов договор, со кој клубот ја потврди вербата во неговиот потенцијал.
По потписот, Црвена Звезда му приреди и посебно изненадување. Преку видео-повик му честитаа две големи клупски легенди, Дарко Панчев и Илија Најдоски, кои му посакаа успешна кариера, многу настапи и освоени трофеи во црвено-белиот дрес.
Гаштаров веќе две години е дел од академијата на Црвена Звезда, а летово успеа да се запише и меѓу стрелците на контролните натпревари, со што дополнително ги зголеми шансите во иднина да добие можност и во сениорскиот тим.