33
Кристијан Ериксен нема намера да стави крај на кариерата, иако лекарите му препорачале да не се враќа на фудбалските терени поради ризикот по неговото здравје.
Според „Дејли Мејл“, данскиот фудбалер веќе работи на индивидуална програма за рехабилитација во Данска и се подготвува за камбек. Во моментов неговата здравствена состојба е стабилна, но докторите го предупредиле дека нов настап би можел да доведе до уште еден сериозен срцев инцидент.
И покрај ваквите прогнози, Ериксен е решен повторно да игра фудбал и не размислува за пензионирање.
Данецот е член на Волфсбург, за кој минатата сезона запиша 31 настап.