Хрватските медиуми тврдат дека Славен Билиќ и Фудбалската федерација на Хрватска постигнале договор за селекторската позиција.
Договорот е со трајност до Европското првенство 2028 со можност да биде продолжен. Се очекува во наредните денови Билиќ и официјално да биде промовиран како нов селектор на Хрватска.
Тој доаѓа на местото од Златко Далиќ кој испиша историја со хрватската репрезентација.
За Славен Билиќ ова ќе биде враќање на селекторската позиција, тој ја предводеше Хрватска од 2006 до 2012 година.
Во меѓувреме беше тренер на Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем, Вест Бромвич, Ватфорд, Ал-Итихад, Ал-Фатех…
Билиќ беше најпосакуваното име во хрватската јавност за нов селектор, токму тоа и ќе се случи.