5
Барселона е активна во летниот преоден рок, каталонскиот клуб како да ја надмина финансиската криза и цели кон скапи засилувања.
Нејасно е дали ќе успее да го ангажира Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, а последните информации велат дека Барселона тргна по играчот на Борусија Дортмунд, Карим Адејеми.
Барселона веќе испратила официјална понуда за Адејеми и преговорите се почнати.
Фудбалерот сака преселба во Барселона ова лето, тоа е неговата единствена цел.
Сега се чека на одговорот од Борусија Дортмунд.