Новиот тренер на Милан, Рубен Аморим вели дека сака Лука Модриќ да продолжи во „црвено-црниот“ дрес, веќе два пати разговарал со Хрватот, а ако треба ќе го бара уште еднаш.
Рубен Аморим попладнево се појави пред новинарите и беше промовиран како нов предводник на „росонерите“.
Португалецот откри дел од своите планови, и порача дека сака да го задржи Лука Модриќ.
„Веќе разговаравме два пати, ако треба ќе го барам уште еднаш, не ми претставува никаков проблем. Лука е неверојатен фудбалер и лидер на оваа екипа. Не очекуваме да игра на секој натпревар, но неговото присуство ни е исклучително важно. И јас и раководството веќе разговаравме со него и очекувам да ни се приклучи за неколку дена. По настапот на Светското првенство заслужува малку одмор“ – вели Рубен Аморим.
Тој исто рече дека Самуел Чуквуезе ќе остане на Сан Сиро бидејќи му се потребни играчи кои можат да играат еден на еден. Што се однесува до Рааел Леао, кој се поврзува со заминување, Рубен Аморим само кратко изјави: „Прикажа добри партии на Светското првенство, тој е наши играч и задоволен сум од целиот тим во глобала“.
Уште еден играч кој се поврзува со заминување е Кристијан Пулишиќ, но Рубен Аморим има други планови за Американецот.
„Се повреди на Светското првенство, па ќе треба да видиме колку е сериозна работата. Но тој перфектно се вклопува во мојата филозофија, особено овде во Калчото, каде што екипите понекогаш се бранат толку добро што има малку простор меѓу линиите. Тој е играч кој може да ја направи разликата токму во такви ситуации“.
ФОТО: X/AC Milan