За скандалот на ФИФА се јави и Оливер Кан: Повторете го финалето од 2002 година и избришете го картонот на Балак

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската јавност сè уште не престанува да зборува за скандалот што го одбележа Светското првенство.

Имено, ФИФА пред неколку дена го поништи црвениот картон на напаѓачот на САД, Фоларин Балогун, кој беше исклучен на натпреварот против Босна и Херцеговина по опасниот старт врз Тарик Мухаремовиќ.

Дополнителни реакции предизвика признанието на американскиот претседател Доналд Трамп дека интервенирал кај првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, со цел црвениот картон да биде поништен и Балогун да може да настапи против Белгија во осминафиналето.

Еден од најгласните критичари на ваквиот потег е легендарниот германски голман Оливер Кан, кој преку социјалните мрежи испрати иронична порака до ФИФА.

„Кога веќе почнавме да ја препишуваме фудбалската историја, имам еден мал предлог… Би сакал ФИФА ретроактивно да го поништи жолтиот картон што му беше покажан на Михаел Балак во полуфиналето на Светското првенство во 2002 година, поради кој не играше во финалето, а кога сме веќе кај тоа, слободно можете и да го повторите финалето против Бразил“, напиша Кан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×