Maдеира спектакуларно му се заблагодари на Роналдо (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Иако по елиминацијата на Португалија од Светското првенство Кристијано Роналдо се најде на удар на критиките и многумина го посочија како еден од виновниците за неуспехот, во неговата родна Мадеира приредија емотивен и спектакуларен начин да му оддадат почит.

Жителите на островот организираа големо светлосно шоу со стотици дронови над главниот град Фуншал. Најпрво на небото се појави португалското знаме, по што следуваше пораката „Obrigado, 7“ (Благодариме).

Во продолжение, дроновите го обликуваа ликот на Роналдо во националниот дрес со бројот седум, а беше прикажана и неговата препознатлива прослава „Сиууу“.

Со овој спектакл, жителите на Мадеира му се заблагодарија на својот најпознат сограѓанин, кој со својата богата кариера и бројните успеси го промовираше островот на светската спортска мапа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×