Кристијано Роналдо синоќа го одигра последниот натпревар на Светското првенство во својата кариера, откако Португалија беше елиминирана од Шпанија во осминафиналето.
Со 41 година, Роналдо остана без да го подигне најпрестижниот фудбалски трофеј во светот, но вели дека не жали премногу поради тоа.
„Го освоив Европското првенство во 2016 година и за мене тоа има иста тежина како и Светското првенство. Тоа останува засекогаш. Утре е нов ден, продолжуваме понатаму“, изјави Роналдо.
Потоа зборуваше за себе во трето лице.
„Португалија пред Кристијано Роналдо немаше ниту еден трофеј, а со мене освои три“, рече тој.
Со ова изјава тој алудираше на европската титула од 2016 година, како и на триумфите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.
Да потсетиме, Шпанија синоќа ја совлада Португалија со 1:0, а победничкиот гол го постигна Микел Мерино во судиското продолжение.