Омерагиќ: Ќе играме напаѓачки, сакаме победа против КуПС

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Вардар, Азер Омерагиќ, очекува добар настап на „црвено-црните“ на утрешниот дуел против фински КуПС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Тој нагласи дека подготовките биле максимално искористени и дека во таборот на Вардар владее голема мотивација пред враќањето на клубот во квалификациите за елитното европско натпреварување.

Го искористивме периодот во Италија максимално, ова е голем мотив затоа што после долго време играме квалификации во Лигата на шампионите. Ќе играме напаѓачки и сакаме да победиме. Прво мислиме на натпреварот дома, а ние секогаш го даваме максимумот“, изјави Омерагиќ.

Вардарци ќе го дочекаат КуПС во терминот од 19:00 часот во вторник на Арената „Тодор Проески“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×