25
Белгијската фудбалска федерација поднесе официјална жалба поради одлуката на ФИФА да се одложи суспензијата на Фоларин Балогун пред осминафиналната пресметка против САД на Светското првенство.
Белгијците бараат повторно да биде разгледана одлуката со која беше укината суспензијата на американскиот напаѓач, оценувајќи дека постапката била спроведена на спорен начин. Од федерацијата очекуваат одговор пред дуелот со САД, кој е на програмата во 02:00 часот по полноќ.
Доколку ФИФА ја прифати жалбата, Балогун повторно би можел да остане без право на настап и да го пропушти осминафиналниот натпревар, иако американската репрезентација веќе доби позитивна вест со поништувањето на неговата казна.