Реал Мадрид нема да ја започне новата сезона во Ла Лига според предвидениот распоред, бидејќи натпреварот од првото коло против Реал Сосиедад ќе биде одложен.
Причината е правилото на Ла Лига кое предвидува одложување на првиот првенствен натпревар за клуб што има најмалку еден фудбалер кој ќе настапи во полуфиналето на Светското првенство.
Тоа автоматски се однесува и на „кралевите“, бидејќи во четвртфиналето ќе се сретнат Франција и Мароко, што значи дека Реал Мадрид сигурно ќе има барем еден репрезентативец меѓу четирите најдобри селекции. За Франција настапуваат Килијан Мбапе, Орелиен Чуамени и Ибрахима Конате, додека Брахим Диаз е дел од репрезентацијата на Мароко.
Такво нешто речиси сигурно ќе се случи и за останатите клубови, меѓутоа засега е осигурано само за Реал.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, потврди дека правилото е донесено за да им се овозможат на фудбалерите кои настапиле на Мундијалот три недели задолжителен одмор, по што ќе следуваат уште три недели подготовки пред враќањето на клупските обврски.