Гарсија шокиран од одлуката на ФИФА: Не знаев дека денеска е Први април…

by Стефан
1 минути читање

САД и Белгија во ноќта која следи со почеток во 2 часот по полноќ, ќе го одиграат натпреварот од осминафиналето на Светското првенство.

Но, пресметката е засенета од голем скандал, откако американскиот претседател Доналд Трамп наводно интервенирал за да биде укината забраната за настап на Фоларин Балогун, најдобриот стрелец на американската селекција на ова Светско првенство.

На ваквиот развој на настаните реагираше селекторот на Белгија, Руди Гарсија, како и Белгиската фудбалска федерација.

„Не знаев дека денес е Први април. Белгиската федерација издаде соопштение со кое не ја брани само репрезентацијата, туку и историјата и етиката на фудбалот. Првпат во историјата сме сведоци на ваква одлука“, изјави Гарсија пред натпреварот.

Во соопштението на Белгиската фудбалска федерација се наведува дека се „шокирани“ од одлуката за укинување на суспензијата.

Белгијците се повикуваат на членот 66.4 од Дисциплинскиот правилник на ФИФА, според кој црвениот картон автоматски носи суспензија за фудбалерот, правило што важело на сите досегашни Светски првенства.

Жестока реакција на ваквата одлука претходно имаше и УЕФА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×