509
Турските клубови продолжуваат да носат големи ѕвезди, Бешикташ наскоро ќе го официјализира трансферот на Леандро Тросар.
Белгискиот фудбалер беше значајна алка во составот на Артета за шампионската титула, но нема да остане на Емирати.
Наводно, Арсенал и Бешикташ постигнале договор за трансферот. Турскиот клуб ќе плати 18 милиони евра плус 2 милиони евра во бонуси.
Во моментов се стопирани преговорите за личните услови на Тросар, фудбалерот не сака да разговара додека е со Белгија на Светското првенство.