116
Каталонскиот клуб нема намера цел преоден рок да биде во неизвесност дали ќе го ангажира Хулијан Алварез или не.
Според „Мундо Депортиво“, Барселона поставила датум, до крајот на Светското првенство да биде решен случајот со Хулијан Алварез.
Доколку Атлетико Мадрид уште одбива да го продаде Алварез, тогаш Каталонците ќе се префрлат на други цели.
Барса на овој начин сака да направи притисок до сите страни во овој трансфер за побрзо да биде донесена одлука.