Малата островска земја со околу 500.000 жители, не успеа да направи сензација, но го донесе актуелниот шампион на работ на бездната, сепак Аргентина по 120 минути игра успеа да победи со 3-2 и да се пласира меѓу најдобрите 16 на Светското првенство.
Уште пред да се одигра мечот сите ја прогласија Аргентина за победник, на крајот тоа и се случи, но селекцијата на Зеленортските Острови беше многу блиску до чудо. Фудбалерите на малата земја изгинаа за националниот дрес и ги освоија сите симпатии.
Аргентина поведе во 29. минута со гол на Лео Меси по асистенција од Лисандро Мартинез, ова за него беше 20. гол на Мундијалите. Со тој резултат се замина на полувремето.
По 15 минути игра во вториот дел Дуарте го изедначи резултатот. Прва радост на мечот за Зеленортските Острови. 1-1.
Немаше друг гол до последниот судиски свиреж, па мечот отиде во две продолженија од по 15 минути.
На самиот старт од продолженијата Лисандро Мартинез даде гол за ново водство за Аргентина, беше 2-1.
Но, Зеленортските Острови не се предадоа, во 103. минута Лопес Кабрал постигна прекрасен гол за израмнување на 2-2.
Аргентина се мачеше да постигне трет гол, сепак тоа се случи во 111 минута кога несреќниот Боргес си постигна автогол за победа на Аргентинците од 3-2.
До крајот на мечот Зеленортските Острови имаа шанси за ново израмнување, но голманот на Аргентина со неколку одлични интервенции ја сочува својата мрежа.
Фудбалерите на Зеленортските Острови се најголемите херои на Мундијалот, тие не загубија ниту еден натпревар во регуларните 90 минути, ниту од актуелниот шампион.
Аргентина во осминафиналето ќе игра против Египет.