Санти Казорла стави крај на богатата фудбалска кариера и на 41-годишна возраст официјално замина во пензија. Легендарниот шпански играч за врска последниот натпревар го одигра во дресот на Реал Овиедо, клубот со кој минатата сезона избори промоција во Ла Лига.
Казорла се прости од фудбалот со емотивна видео-порака, истакнувајќи дека е посебно што кариерата ја завршува токму во клубот од својот роден крај.
Во текот на кариерата настапуваше за Виљареал, Рекреативо, Малага, Арсенал, Ал Сад и Реал Овиедо, а со Арсенал освои два трофеи во ФА Купот.
Со репрезентацијата на Шпанија двапати стана европски шампион, во 2008 и 2012 година, додека поради тешка повреда го пропушти Мундијалот во 2010 година, на кој „црвената фурија“ ја освои светската титула.