Лампард си ја доби наградата за враќањето на Ковентри во Премиер лигата

by Стефан
1 минути читање

Френк Лампард потпиша нов договор со Ковентри со кој ќе остане во клубот до 2029 година.

Англискиот стратег минатата сезона го предводеше Ковентри до титулата во Чемпионшип, со што клубот обезбеди враќање во Премиер лигата.

Неговиот претходен договор требаше да истече на крајот од следната сезона, но Лампард ова лето привлече интерес од неколку клубови, меѓу кои и Фулам. Поранешниот играч од средниот ред на Челси и англиската репрезентација сега се обврза на долгорочна соработка со Ковентри, додека тимот се подготвува за својот прв настап во елитното друштво по 25 години.

Ковентри новата сезона ја отвора на 21 август со натпревар против шампионот Арсенал.

„Би сакал да им се заблагодарам на сите во клубот. Пред сè на навивачите за начинот на кој го поддржаа тимот, мене и мојот стручен штаб, овозможувајќи ни да стигнеме до тука. Духот и заедништвото што ги создадовме минатата година беа нешто посебно и сега сакаме да продолжиме во ист ритам“, изјави Лампард.

Лампард го презеде Ковентри во ноември 2024 година, кога клубот се наоѓаше на 17. место со само два бода над зоната за испаѓање и во својата втора сезона донесе голем успех.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×