Против домаќинот заврши мундијалскиот сон на БиХ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Босна и Херцеговина го заврши настапот на Светското првенство по поразот од домаќинот САД со 2-0 во натпреварот одигран во Сан Франциско, со што американската селекција обезбеди место во осминафиналето.

Во меч во кој САД имаа поголем посед на топката вистински шанси имаше малку. Домаќините поведоа непосредно пред крајот на првото полувреме, кога Балогун ја искористи својата можност и донесе предност од 1:0.

Во продолжението Балогун повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради директен црвен картон во 64. минута по остар старт. Иако останаа со играч повеќе, фудбалерите на Босна и Херцеговина не успеаа да извршат посериозен притисок и да дојдат до израмнување.

Прашањето за победникот беше решено во 82. минута, кога Тилиман со прецизен удар од слободен удар ги постави конечните 2:0 и го потврди триумфот на американската репрезентација.

Во осминафиналето САД ќе игра со Белгија, а натпреварот е закажан за пет дена во два часот по полноќ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×