199
Трансфер бомба во Премиер лигата, Сандро Тонали од Њукасл се сели во Тотнем за неверојатни 116 милиони евра.
Тонали претходно имаше постигнато договор со Тотнем за личните услови и остануваше уште двата клуба да ја испеглаат сумата.
Во текот на денешниот ден сите деталите се договорени и италијанскиот фудбалер ќе биде нов играч на Тотнем.
Сумата која ќе ја плати лондонскиот клуб е 107 милиони евра фиксно, плус 9 милиони евра во бонуси. Односно вкупно 116 милиони евра.
Ова е рекордна сума која ја плаќа Тотнем за еден фудбалер.
Вчера тие го договорија и трансферот на Матеуш Фернандеш за сума од речиси 100 милиони евра.