Неверојатна фудбалска приказна пристигнува од Светското првенство, а во главните улоги се таткото и сино, Патрик и Џастин Клајверт.
Имено, Патрик и Џастин Клајверт промашија клучни пенали за репрезентацијата на Холандија на ист датум, 29 јуни, со разлика од точно 26 години и на две различни натпреварувања.
Во полуфиналето на Европското првенство, одиграно на 29 јуни 2000 година, Холандија се соочи со Италија. Натпреварот остана запаметен како еден од најнеобичните во историјата, бидејќи Холанѓаните промашија дури два пенала во регуларниот дел од средбата.
Еден од нив го промаши токму Патрик Клајверт, кој ја погоди стативата. Италија на крајот обезбеди пласман во финалето по изведувањето пенали.
Точно 26 години подоцна, во осминафиналето на Светското првенство, одиграно на 29 јуни 2026 година, Холандија играше против Мароко.
По драматичното реми од 1:1, победникот беше решен по изведувањето пенали. Џастин Клајверт влезе во игра во продолженијата и ја презеде одговорноста да шутира пенал, но и тој ја погоди стативата. Мароко славеше победа, а Холандија повторно беше елиминирана по пенал-рулетот.
Особено впечатливо е што двата промашувања се случија на истиот календарски датум, а и таткото и синот ја погодија истата статива.
🗓️ 29/06/00 – Patrick Kluivert erró su penal en Semi de Euro.
— TERADEPORTES (@Teradeportes) June 30, 2026
🗓️ 29/06/26 – Justin Kluivert erró su penal en 16vos de Mundial.
Padre e hijo, MISMA ejecución, con Holanda siendo eliminada, el MISMO DÍA con 26 AÑOS DE DIFERENCIA.
pic.twitter.com/76LkBgiqLW