Ливерпул го потврди големото засилување за иднината, откако и официјално го комплетираше трансферот на Џереми Жаке од Рен.
Англискиот шампион ќе плати 60 милиони евра, а со бонусите сумата може да достигне до 70 милиони евра. Младиот француски стопер стави потпис на долгогодишен договор со клубот од „Енфилд“.
Жаке важи за еден од најталентираните дефанзивци во светот, а со одличните настапи во дресот на Рен го привлече вниманието на повеќе европски гиганти. Сепак, Ливерпул успеа да ја добие трката за неговиот потпис.
Со овој трансфер клубот продолжува да инвестира во млади фудбалери со голем потенцијал, а Жаке треба да биде еден од столбовите на одбраната на „црвените“ во наредните години.