Холанѓаните останаа без селектор, Куман поднесе оставка

by 24 фудбал
0 минути читање

Неуспехот на Холандија на Светското првенство доби и официјална последица, откако Роналд Куман поднесе оставка од селекторската функција.

„Лалињата“ беа елиминирани уште во шеснаесетфиналето, каде по изведувањето пенали загубија од Мароко, а раното заминување од Мундијалот предизвика големо разочарување кај холандската јавност.

Куман ја презеде одговорноста за неуспешниот настап и реши да се повлече од кормилото на националниот тим, иако Холандија на турнирот отпатува со високи амбиции.

Холандската фудбалска федерација сега ќе започне потрага по негов наследник, а засега нема информации кој е најсериозен кандидат за селекторската позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×