125
Не стивнуваат реакциите по елиминацијата на Германија од Парагвај на Светското првенство. Германската јавност е разочарана од настапот, но критики има и за судиите.
Најконтроверзниот момент се случи во судиското продолжение од првото продолжение, кога Џонатан Та ја затресе противничката мрежа. Сепак, по интервенција на ВАР, погодокот беше поништен поради наводен прекршок врз голманот Орландо Хил.
Спорниот момент веднаш предизвика бројни реакции, бидејќи од забавените снимки не може јасно да се утврди дали Антон навистина направил прекршок со рацете или, пак, контактот го иницирал самиот голман Хил.