67
Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, вели дека нема намера да поднесе оставка од селекторската позиција по дебаклот на Светското првенство.
Германија загуби од Парагвај на пенали и го заврши настапот на Мундијалот уште во 1/16 финалето.
Многумина прстот го вперија во селекторот Нагелсман кој со контроверзното однесување во националниот тим создаде лоша атмосфера за која често се пишуваше во изминатите денови.
Но, вели дека нема намера да си замине од кормилото.
„Не поднесувам оставка. Ако Фудбалската федерација на Германија сака да останам до 2028, ќе останам. Ако не сакаат, тогаш ќе го напуштам овој проект“, рече Нагелсман по мечот.