191
Чаби Алонсо нема намера да остане без еден од најдобрите фудбалери во својот тим. Англиските медиуми тврдат дека новиот менаџер на Челси му порачал на Енцо Фернандез дека не е на продажба.
Реал Мадрид подолго време го следи аргентинскиот репрезентативец и наводно бил подготвен да плати околу 140 милиони евра за неговиот потпис. Шпанецот е подготвен да му се „одмазди“ на поранешниот клуб.
Сепак, Алонсо веќе разговарал со Енцо и му ставил до знаење дека ќе има клучна улога во неговите планови, па трансферот во Мадрид засега не е опција.
Аргентинецот претходно се поврзуваше со Реал Мадрид, но доколку информациите од Англија се точни, Челси нема намера да се откаже од својот играч.