Сензационална победа на Еквадор над Германија за пласман во нокаут фазата! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Еквадор приреди големо изненадување откако со 2-1 ја совлада Германија, освои три бода и се пласираше во следната фаза од Светското првенство.

Натпреварот почна со гол на Сане уште во втората минута, Германија поведе со 1-0 и во тој момент никој не ни помислуваше дека може Еквадор да излезе како победник.

Изедначувањето дојде исто така рано во 9. минута Ангуло постигна гол за 1-1. Со тој резултат заврши првото полувреме.

Победничкиот гол за Еквадор се случи во 77. минута кога Плата постигна гол за комплетен пресврт и водство од 2-1, што беше и конечен резултат.

Во вториот меч од оваа група Брегот на Слоновата Коска со два гола на Пепе го победи Курасао со 2-0.

Германија го освои првото место со шест бодови, исто толку има Брегот на Слоновата Коска на второто место, Еквадор е трет со четири бода, а Курасао е последен со еден бод.

Еквадор оди понатаму како една од осумте најдобро третопласирани селекции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×