69
Босна и Херцеговина се пласираше во нокаут-фазата на Светското првенство, откако во Сиетл го совлада Катар со 3-1, a eден од хероите беше младиот Керим Алајбеговиќ.
Фудбалерот од средниот ред со спектакуларен погодок им донесе водство на Босанците во 29-тата минута и така го отвори патот кон победата на својата селекција. Тинејџерот од редовите на Салцзбург голот го постигна со само 18 години и 276 дена со што урна и мундијалски рекорд.
Имено, тој стана најмладиот фудбалер кој досега на едно Светско првенство постигнал гол надвор од шеснаесетникот, овој рекорд се до вчера беше во сопственост на Килијан Мбапе.