Ремито без голови меѓу Англија и Гана во второто коло од Светското првенство донесе и спорен момент кој предизвика бројни реакции.
Ситуацијата се случи во второто полувреме кога Принс Аду се најде во добра позиција, а Езри Конса во обид да ја поправи грешката доцнеше во интервенцијата. Англискиот дефанзивец се фрли во последен момент и притоа оствари контакт со противничкиот фудбалер.
Играчите на Гана веднаш побараа најстрога казна, сметајќи дека Конса го соборил Аду во шеснаесетникот. Сепак, главниот судија не покажа на белата точка, а по проверката не следуваше ниту реакција од ВАР собата.