Зеленортските Острови не загубија ниту од Уругвај! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Два меча, два бода за Зеленортските Острови на Светското фудбалско првенство, овојпат одиграа 2-2 против Уругвај во меч од второто коло на Мундијалот.

Зеленортските Острови покажаа дека ремито против Шпанија во првото коло не беше случајно. Тие остварија уште еден голем резултат.

Резултатот беше отворен во 21. минута кога Ленин постигна гол за водство на Зеленортските Острови од 1-0. Ова е историски гол, прв погодок на Светските првенства за оваа земја.

До крајот на првото полувреме, со два гола во финишот, Уругвај направи комплетен пресврт, погодија Араухо и Канобио.

Во 61. минута, по само три минути откако влезе во игра, Варела постигна гол за 2-2, што беше и конечен резултат.

По две одиграни кола во оваа група Шпанија има четири бода, по два имаат Уругвај и Зеленортски Острови, а еден има Саудиска Арабија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×