Историска партија: Голманот на Курасао правеше чуда – никој како него! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Курасао го освои првиот бод во својата историја на Светските првенства откако одигра 0-0 против Еквадор, а убедливо најзаслужен за тоа беше голманот Елој Рум.

Рум имаше 15 одбрани. Тоа е најмногу во историјата на Светските првенства на натпревар кој немал продолженија. Кој траел 90 минути.

Тим Хауард има одбрана повеќе, но тоа е на меч кој траел 120 минути, а примил и гол.

37-годишниот голман имаше партија која ќе се памети, Рум беше оценет со 10 од 10 и ја доби наградата за играч на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×