Палермо на нашите
Александар Трајковски и Илија Несторовски синоќа забележа пораз од 3-2 на
гостувањето кај Парма, а уште во првото полувреме тимот на нашите
интернационалци имаше негатива од 2-0, а по само две минути во второто
полувреме и 3-0.
Капитенот на
тимот од Сицилија, Несторовски, смета дека тоа било чуден меч, со исто такви и
судиски одлуки.
„Ова беше чуден
меч, не успеавме да го дадеме максимумот од нашиот квалитет како фудбалери во
текот на првото полувреме, a работевме напорно за да дојдеме до позитивен исход од ова гостување.
Минавме лошо на овој меч, но сега сме фокусирани на мечот против Пескара,
истиот сакаме да го добиеме“ вели Несторовски кој притоа се пожали и на
арбитражата.
„Имаше доста
чудни и контроверзни ситуации, немаше досуден чист пенал за нас, во моментот
кога Лукарели имаше контакт со мене, а веднаш потоа Парма го постигна и првиот
гол. Дури и пеналот кој беше досуден за домаќините не беше баш чиста ситуација,
во 60% од ситуациите не би се досудил. Сепак, како и да е, одиме понатаму,
нашата цел останува иста како и на стартот од сезоната, промоција во Серија А,
претстојниот меч против Пескара е доста важен за нас, ќе повторам дека ќе
дадеме се’ од себе да го
добиеме пред своја публика“ додаде Несторовски.
Палермо со 57
бода заостанува бод зад второто место на кое е Фросиноне, а кое води директно
во Серија А, првопласираниот Емполи има предност од цели девет бода.
Несторовски синоќа погоди за 3-1, а Трајковски мечот го проследи од клупата за резервни фудбалери.
Извор: mediagol.it