Фенербахче го одбра новиот тренер

by 24 фудбал
1 минути читање

Фенербахче реши тренерското прашање за новата сезона и му ја довери функцијата на Исмаил Картал, кој повторно ќе го предводи тимот од Истанбул.

Станува збор за добро познато име за навивачите на Фенербахче, бидејќи Картал веќе има неколку мандати на клупата на клубот. Во своето досегашно работење со жолто-сините успеа да стигне и до трофејот во турскиот Суперкуп во 2014 година.

Промени има и во стручниот штаб, каде како асистент ќе се приклучи поранешниот миленик на навивачите Дирк Кајт.

Истанбулскиот великан зад себе остави сезона во која заврши како второпласиран во турското првенство, па следен предизвик ќе му бидат квалификациите за Лигата на шампионите, каде ќе се обиде да обезбеди место меѓу европската елита.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×