Станковски си поднесе оставка од кормилото на Работнички

by
1 минути читање

Лошата форма на Работнички кулминираше вчера кога тимот се спасуваше од пораз против Академија Пандев, натпреварот кој заврши 1-1 беше последен за Горан Станковски кој ја превзема одговорноста.

„Поднесов оставка од позицијата шеф на стручен штаб на Работнички. Мислам дека ова е вистински потег од моја страна, да преземам одговорност за досегашните резултати на тимот во првенството. На тимот му е потребен нов импулс за да продолжи со подобри игри и резултати, а тренерот е тој што секогаш треба прв да ја преземе одговорноста. Сакам да изразам благодарност до раководството на клубот, претседателот Драган Поповски за укажаната доверба, и на ФК Работнички му посакувам многу успеси во наредниот период. И понатаму верувам дека овој тим може да ги исполни своите цели“, изјави Горан Станковски за официјалниот сајт на Работнички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани