Даде ефектен гол против Англија, па веднаш стигна повик од „островот“

by 24 фудбал
1 минути читање

Спектакуларниот гол што Мартин Батурина го постигна против Англија на Светското првенство дополнително го зголеми интересот за хрватскиот репрезентативец на трансфер пазарот.

Играчот за врска на Комо ја затресе мрежата на Џордан Пикфорд со мајсторски удар во поразот на Хрватска од 4-2, а само неколку часа подоцна од Италија пристигнаа информации за сериозна понуда за негов трансфер.

Според Николо Шира, Астон Вила испратила понуда вредна 50 милиони евра за ангажман на 23-годишниот фудбалер, но раководството на Комо веднаш ја одбило. Батурина по доаѓањето во Серија А имаше период на адаптација, меѓутоа во вториот дел од сезоната прерасна во еден од најважните играчи на тимот и даде голем придонес во историскиот пласман на Комо во Лигата на шампионите.

Според Џанлука Ди Марцио, италијанскиот клуб не планира лесно да се откаже од својот бисер. Во Комо се подготвени да разговараат за продажба само ако пристигне понуда од најмалку 80 милиони евра, додека сите понуди под таа сума нема да бидат разгледувани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×