Реал Мадрид го потврди и третото засилување од почетокот на Мундијалот!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид официјално го потврди ангажманот на францускиот дефанзивец Ибрахим Конате, кој потпиша договор со шпанскиот гигант до 30 јуни 2030 година.

Конате на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнува како слободен фудбалер по истекот на договорот со Ливерпул и ќе се очекува да биде големо засилување во одбраната.

Францускиот репрезентативец во изминатите сезони беше еден од најважните дефанзивци на Ливерпул, но одлучи да не ја продолжи соработката со клубот од „Енфилд“.

Пред Ливерпул, Конате настапуваше за Сошо и Лајпциг, а во 2021 година пристигна на „Енфилд“. Во дресот на англискиот клуб одигра повеќе од 130 натпревари во сите натпреварувања.

Французинот ќе биде уште едно засилување за одбраната на Реал Мадрид, кој во летниот преоден рок работи на освежување на дефанзивната линија. Претходно во тимот пристигна Марк Кукуреља, а наскоро се очекува и официјализација на трансферот на Дензел Дамфрис.

Реал вчера го потврди и доаѓањето на Бернардо Силва, но според најавите, мадридскиот клуб нема намера тука да застане и се очекуваат уште нови засилувања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×