Од Шпанија пристигнува информација за договор помеѓу Атлетико и Арсенал за трансфер на Хулијан Алварез, клубот од Северен Лондон ќе плати 50 милиони евра, плус во Мадрид ќе го испрати Виктор Ѓокереш.
Хулијан Алварез ова лето може да биде еден од најголемите трансфер, интерес за неговите услуги пројавуваат Барселона, Реал Мадрид, Арсенал и ПСЖ.
Од таборот на Атлетико Мадрид постојано порачуваат дека Аргентинецот не е на продажба, но тоа не ги спречува шпекулациите.
Новинарот Жорди Жота сега вели дека паднал договор, Атлетико и Арсенал си подале рака за зделка со која Хулијан Алварез ќе заврши на „Емирати“, а клубот од Северен Лондон ќе плати 50 милиони евра, плус во Мадрид ќе го испрати Виктор Ѓокереш, за кого минатото лето плати нешто повеќе од 70 милиони евра.
Во меѓувреме, првиот човек на Атлетико, Енрике Серезо потврди дека Реал Мадрид понудил 150 милиони, но уште еднаш истакна дека Хулијан Алварез не е на продажба.
„Да, пристигна понуда од Реал Мадрид и Флорентино Перез, но веќе знаете каков одговор добија“ – вели Серезо.
„Хулијан а играч на Атлетико Мадрид, и ако некој сака да го купи, ќе мора да ја плати откупната клаузула (500 милиони евра)“.
Покрај шпекулациите за трансфер во Арсенал, медиумите од Шпанија, поточно весникот Спорт, објави дека Барселона наскоро ќе достави понуда за ангажман на Хулијан Алварез, и на маса ќе стави 135 милиони евра плус бонуси.