Вардар не ја освои Битола, голманот Петровски херој на Пелистер

by
2 минути читање

Пелистер и Вардар не одиграа некој возбудлив натпревар на „Тумбе Кафе“, беа создадени неколку можности за гол, а позрелите ги имаа гостите.

На почетокот Вардар се закани со две шанси на Блажевски, од кои едната заврши крај голот а другата ја одбрани голманот Петровски. Пелистер имаше две неопасни закани на Наумоски.

Вториот дел беше поинтересен. Во 64. минута Трифуновски се обиде атрактивно со ножички но биеше над голот. Три минути подоцна Вардар имаше фантастична можност, Максимов убаво пласираше во долниот десен агол, но неговиот шут заврши во стативата, од истата акција шанса имаше и Барсегјан но од неколку метри со глава биеше само во рацете на голманот Петровски.

Вардарци имаа уште неколку обиди пред клучната одбрана на Петровски, Барсегјан од близина упати одличен удар со глава, но голманот на Пелистер со рефлексна интервенција спаси пораз на неговиот тим.

Во финишот од мечот се случи и мешаница, фудбалерите на двете екипи влегоа вербална и физичка пресметка која не траеше многу долго.

До победа во ова коло не дојде ниту Шкендија која одигра само 0-0 кај Скопје. Во Автокоманда тешко се освојуваат бодови без разлика што Скопје е на последнатапозиција.

Академија Пандев со гол на Атанасоски долго време водеше на гостувањето кај Работнички, но домаќинот успеа да изедначи во финишот преку Шаркоски на конечни 1-1.

Ренова го победи Шкупи со 3-1, а Силекс со 1-0 славеше над Победа.

Резултати:

Пелистер – Вардар 0:0

Скопје – Шкендија 0:0

Работнички – Академија Пандев 1:1

Ренова – Шкупи 3:1

Силекс – Победа 1:0

Табела:

1. Шкендија 63

2. Вардар 47

3. Силекс 39 (-1)

4. Академија Пандев 30

5. Работнички 29

6. Шкупи 29

7. Ренова 28

8. Победа 25

9. Пелистер 24 (-1)

10. Скопје 21

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани