251
„I am from Bosnia, take me to America“ деновиве се слуша низ целиот свет, а причината е, секако, настапот на БиХ на Светското првенство. Низ цела Босна и Херцеговина, а вчера и низ Торонто, одекнуваа стиховите од оваа песна на Дубиоза Колектив каде и да се свртевте.
Песната ги воодушеви дури и луѓето во „Би-Би-Си“, британскиот медиум објави видео во кое босанските навивачи од своите домови ги пеат стиховите од песната, придружени со кадри од спотот и од прославата.
„Оваа неофицијална химна на Светското првенство на босанскиот рок-бенд Дубиоза е навистина заразна“, напишаа од „Би-Би-Си“ во описот на видеото.