Брзо падна првиот гол на Светското првенство, стрелец на погодокот е Хулијан Киноњес, Мексико води со 1-0 против Јужна Африка.
Течеше деветата минута кога Јужноафриканците направија голема грешка, домаќините ја одземаа топката, а Киноњес ја затресе мрежата на противникот и стана фудбалерот кој го постигна првиот гол на овој Мундијал.