78
Леванте кој се бори за опстанок дојде до бод од гостувањето кај Жирона која се наоѓа дури на седмата позиција во Примера.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди остана на клупата за време на овој меч. Тој веќе долго време не е дел од стартниот тим на Леванте.
Леванте е на 17. место на табелата и има седум бода повеќе од Лас Палмас кој е прв во зоната за испаѓање но тие имаат и меч помалку.