Шкендија Арачиново и Скопје ако сакаат Прва лига мораат да ги исполнат сите услови!

by Стефан
1 минути читање

Денеска Фудбалската федерација на Македонија одржа брифинг за новинарите на кој претседателот Масар Омерагиќ зборуваше на повеќе теми, меѓу другото се споменаа и новите прволигаши Шкендија Арачиново и Скопје.

Омерагиќ истакна дека ако Шкендија Арачиново и Скопје, сакаат да играат во првата лига мораат да ги исполнат сите услови кои се потребни за да ја добијат потребната лиценца.

„Испративме дописи до Скопје и Шкендија Арачиново дека во најбрз рок мораат да извршат лиценцирање за да можат да играат во елитата. Тука не се прашуваме ние, тоа се прописи кои мораат да се почитуваат“, изјави Омерагиќ.

За разлика од овие две екипи, Брегалница која прва се избори за место во најсилната конкуренција не беше тема и штипјани веројатно досега завршиле се што е потребно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×