Црната листа на Мурињо, шест фудбалер на Реал одат на продажба

by bojan
1 минути читање

Жозе Мурињо до раководството на Реал доставил листа на фудбалери на кои не планира да смета, познати се првите жртви на неговата реконструкција.

„Специјалниот“ ја доби довербата на Флорентино Перез за нов проект, и веќе се крои тимот на Реал Мадрид. Ибрахима Конате и Дензел Дамфрис се потврдени како нови засилувања, а ќе пристигнат уште неколку играчи.

Во исто време, Жозе Мурињо составил и листа на играчи на кои не планира да смета, најзвучно име на списокот е Родриго.

Покрај бразилскиот напаѓач, на црната листа се наоѓаат и Едуардо Камавинга, Раул Асенсио, Дани Себаљос, Фран Гарсија и Франко Мастантуоно.

Станува збор за шест фудбалери кои не се дел од проектот што Жозе Мурињо го подготвува, но евентуалната разделба со овие играчи нема да биде едноставна ова лето, особено во ситуацијата на Родриго, кој има сериозна повреда и на терените ќе се врати дури на почетокот на 2027 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×