Пепе се враќа во Реал Мадрид, ќе му биде помошник на Мурињо!

by riste
0 минути читање

Информациите од шпанските медиуми велат дека легендарниот дефанзивец, Пепе, повторно ќе биде дел од Реал Мадрид, овојпат ќе ја има улогата на помошник на Жозе Мурињо.

Пепе е почитуван од фановите на Реал Мадрид, но е еден од најомразените личности кај противничките тимови поради неговиот цврст стил на игра.

По победата на Флорентино Перез, денеска Жозе Мурињо и официјално треба да биде објавен како нов тренер на Реал Мадрид.

Португалскиот стратег за помошник го одбрал неговиот сонародник Пепе.

Мурињо во речиси секој клуб каде што беше тренер, редовно назначуваше клупска легенда за помошник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×