Адис Јаховиќ, кој
игра во животна форма во турската Суперлига, испрати порака до селекторот на
Македонија, Игор Ангеловски по двата контролни меча во Турција против Финска и
Азербејџан, каде забележавме две ремија, но со еден постигнат гол вкупно.
„Еее таа
реализација само еден ќе ти го решеше проблемот да беше паметен. 16 гола и 5
асистенции, односно 39 погодоци и 12 асистенции“ напиша Јаховиќ на социјалните
мрежи алудирајќи на формата во која игра во најсилниот фудбалски шампионат на
Турција.
Сево ова доаѓа по
изјавата на Ангеловски дека е задоволен од пристапот на играта на неговите
избраници, но недостасува реализација.
Јаховиќ од поодамна не е во комбинација за репрезентацијата на Македонија откако не доби прилика за настап ниту против Италија, ниту пак против Лихтенштајн во финишот од квалификациите за СП Русија 2018, иако беше на врвот од листата на стрелците во турската Суперлига.