Младата фудбалска
репрезентација на Македонија за фудбалери до 21 година забележаа нов пораз во
квалификациите за пласман на Европското првенство во Италија 2019. година.
Шансите за
пласман на големиот европски турнир се од поодамна загубени, а загубена е
воедно и играта која ја негуваше оваа селекција под водство на Благоја Милевски
која претрпе доста промени во составот.
Австрија ни го
нанесе петтиот пораз во серија, надежите загубија со 2-0, а
на полувремето од ова гостување во шестиот меч од квалификациската група „7“
мрежите од обата гола мируваа.
Хонсак со два
гола, најнапред во 65. а потоа и во 73. минута донесе победа за Австрија.
Нашата селекција
на овој меч беше без предводникот од клупата, селекторот Благоја Милевски кој
доби суспензија од еден натпревар по реакциите на судиските одлуки, откако не
му беше дозволено во последните минути од дуелот со Русија да направи замена во
тимот, иако имаше два прекина и можност да се стори истото.
Македонија У21:
Јанков, Аломеровиќ, Стојановски,
Попзлатанов, Костадинов (Абаз 82’), Петковски (Имери 67’),
Здравковски, Ѓорѓев, Личина, Садики, Бабунски (Ристовски 86’).
Со само три бода,
и тоа единствено од убедливата победа против Ерменија на стартот од
квалификациите со 0-3 на гостински терен, и шокантниот минимален пораз кај
Гибралтар со 1-0, нашата селекција останува закована на дното од својата група
заедно со аутсајдерот Гибралтар.