Македонија ремизираше и со Азербејџан (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација одигра реми со резултат 1-1 против
Азербејџан, во втората контролка во само четири денови во Белек, Турција, по
ремито без голови против Финска.

Ова беше седми
натпревар во серија без пораз за Македонија, можевме и до победа, но не
успеавме во тие намери денеска.

Во петтата минута
главниот арбитар на средбата досуди крајно сомнителен пенал за
Азербејџан по наводен прекршок во воздушен дуел на Стефан Ристовски, а Ричард
Алмеида беше сигурен реализатор.

Израмнувачкиот
гол за избраниците на Ангеловски го постигна Александар Трајковски од пенал,
откако ВАР-технологијата асистираше во одлуката да се досуди најстрога
казна откако врз  Горан Пандев беше
направен прекршок во казнениот простор на противникот. Три минути подоцна
Трајковски можеше да погоди за пресврт, но не искористи убава шанса за такво
нешто.

Шанси за гол во
продолжение имаа и Тричковски, Пандев, како и Трајковски, но сите имаа
неуспешни обиди да ја сместат топката во мрежата од голот на Азербејџан, со што
мечот заврши 1-1, а ќе издвоиме и дека Азербејџан исто така имаше свои прилики
за враќање на водството.

Македонија: 1.
Столе Димитриевски; 4. Кире Ристевски; 6. Висар Муслиу; 7. Иван
Тричковски (59` Илија Несторовски), 9. Александар Трајковски; 10. Горан
Пандев (45` Стефан Спировски); 11. Енис Барди (59` Езџан Алиоски); 13. Стефан
Ристовски; 14. Дарко Велковски (80` Ѓоко Зајков); 16. Бобан Николов (69` Аријан
Адеми); 19 Марјан Радески;

12. Дејан Илиев, 2. Кристијан Тошевски, 3. Ѓоко Зајков, 5.
Аријан Адеми, 8. Езџан Алиоски 20. Стефан Спировски 23. Илија
Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани