103
Македонија пред една недела беше потресена од трагичната смрт на 13-годишниот фудбалер Аган од селото Черкези, кој загина во сообраќајна несреќа откако бил удрен од возило додека се движел со електричен тротинет.
Неколку дена подоцна, младиот Давид од ФК Еуроспорт постигна погодок кој му го посвети токму нему, а приказната доби емотивно продолжение.
Семејството на Аган го посети Давид во неговиот дом, каде што се сретнаа со него и неговите најблиски, во еден емотивен момент исполнет со почит и сеќавање.
При посетата, тие му ја подарија фудбалската топка која била во сопственост на Аган, како симболична и трогателна поврзаност меѓу двете семејства и младите фудбалери.