504
Шпанскиот „Ел Национал“ шпекулира дека на повидок е интересна зделка меѓу Реал Мадрид и Челси во летниот преоден рок.
Гласините велат дека Челси би прифатил понуда од 20 милиони евра плус Федерико Валверде за да му го продаде Енцо Фернандез на Реал Мадрид.
Реал Мадрид одамна го сака Енцо Фернандез, а и самиот тој се нудеше на кралскиот клуб поради што заработи и суспензија во Челси.
Федерико Валверде беше во центарот на вниманието поради тепачка со Чуамени за која имаше информација дека соиграчите застанале на страната на Французинот.
Лошото однесување на Валверде и желбата која Реал Мадрид ја има за Енцо Фернандез може да доведе до реализација на еден ваков трансфер.