Една од најголемите легенди во Премиер лигата, Џејмс Милнер, објави дека ја завршува професионалната кариера на 40-годишна возраст по 24 години во најсилната англиска конкуренција.
Милнер се повлекува како рекордер по бројот на одиграни натпревари во англиската елита, со вкупно 658 настапи. Зад себе го остави Герет Бери со 653 натпревари, додека трет на вечната листа е Рајан Гигс со 632 настапи.
„По 24 години во најсилното англиско првенство чувствувам дека дојде вистинскиот момент да ја завршам кариерата. Никогаш не можев да замислам дека ќе доживеам ваков пат. Секој клуб во кој играв имаше значајно место во мојот живот и развој. Фудбалот ми даде многу и засекогаш ќе му бидам благодарен“, порача Милнер.
Во својата богата кариера настапуваше за Лидс, Њукасл, Астон Вила, Манчестер Сити, Ливерпул и Брајтон, оставајќи длабока трага во секој од клубовите.
За англиската репрезентација одигра 61 натпревар и постигна еден гол.
Во клупската кариера двапати ја освои шампионската титула во Англија со Манчестер Сити, а до титулата стигна и со Ливерпул. Токму со клубот од „Енфилд“ ја освои и Лигата на шампионите во сезоната. 2018/2019.
BREAKING: James Milner has announced his retirement from football after 24 years and the most appearances in Premier Leaguer history 🚨 pic.twitter.com/yAIbEHvODn
— Sky Sports News (@SkySportsNews) June 1, 2026